Денеска Скопје се соочува со сериозно аерозагадување, според најновите податоци на глобалната платформа „IQAir“. Главниот град на Македонија е рангиран на второто место во светот според индексот на загаденост на воздухот (AQI), со измерена вредност од 239, што спаѓа во категоријата „многу нездрав“ (пурпурна зона).
Ова ниво на загадување претставува значителен ризик за здравјето, особено за децата, повозрасните и лицата со хронични болести. Единствено Делхи во Индија има повисок индекс со 457, додека Пекинг (233), Лахоре (227) и Вухан (207) се под Скопје. Во регионот, Сараево е рангирано на шестото место.
















