ПРВ.мк

Посебен режим на сообраќај утре (недела) од Средно Водно до манастирот Св.Пантелејмон

Посебен режим на сообраќај утре (недела) од Средно Водно до манастирот Св.Пантелејмон
Vero

На 25.05.2025 (недела) со почеток во 10:00 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележување на Денот на Европа насловена како „Сите за Кочани – трчаме заедно“, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран