Девојката Симона Стојкова од Скопје, за која се појави објава на страницата „najdime.org.mk“ дека е исчезната, никогаш не била пријавена како исчезната во полициска станица. Таа самата ја демантираше информацијата преку објава на својата „Фејсбук“ страница.
„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате – објавата што денес се прошири дека сум исчезната е ЛАЖНА!!! Се кренала лажна тревога!!! Ви благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете, но навистина се работи за лажна тревога. Поздрав!“, напиша Стојкова.
Засега не е јасно како нејзиното име завршило на веб-страницата за потрага по исчезнати лица, ниту дали претходно воопшто било поднесено официјално известување до полицијата.