ПРВ.мк

И тоа дочекавме: „Партизанска“ без 4 жмигавци и разигран пајак во Дебар Маало

И тоа дочекавме: „Партизанска“ без 4 жмигавци и разигран пајак во Дебар Маало
Jumbo Banner

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот при што преземени се вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци, соопштија од МВР.

Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

фото: МВР
фото: МВР
ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран