ПРВ.мк

Ѓорѓиевски отвора новата страница во соработката со Франција

Ѓорѓиевски отвора новата страница во соработката со Франција
Vero

Во просториите на Општина Кисела Вода, денес се одржа конструктивна средба помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. Главна тема на разговор беше унапредувањето на досегашната соработка меѓу општината и Франција, како и можностите за нејзино продлабочување преку билатерални проекти и размена на искуства.

Ѓорѓиевски го запозна амбасадорот со бројните иницијативи кои општината ги реализира во последниот период, истакнувајќи ја отвореноста за идни партнерства и соработка. Дополнително, беше презентиран и моделот на функционирање на општините во Македонија преку ЗЕЛС, со посебен фокус на децентрализацијата и зголемувањето на надлежностите на локалната самоуправа.

Амбасадорот Ле Риголер го нагласи значењето на зближувањето на македонските и француските градови преку иницијативи за збратимување и размена на добри практики, додавајќи дека Франција е подготвена да ја поддржи оваа соработка и идните заеднички проекти.

Кисела Вода е општина во забрзан развој, отворена за нови идеи и партнерства, а односите со Франција се сметаат за клучни во носењето нов квалитет во локалното делување. Средбата беше оценета како важен чекор за зајакнување на меѓународната соработка и зближување меѓу двете земји на институционално и општествено ниво.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран