ПРВ.мк

Утре делови од Тетово и Тетовско без струја поради планирани прекини

Утре делови од Тетово и Тетовско без струја поради планирани прекини
Jumbo Banner

На 22 април (вторник) делови од Тетово и селото Требош ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа.

Во градот Тетово, без струја ќе бидат објектите на Пофикс во старо Македонија Табак, стара Медицинска Пластика и објекти на Палма Мол. Прекинот ќе трае од 07:00 до 08:00 часот.

Во селото Требош, електрична енергија ќе нема од 09:30 до 14:00 часот, а прекинот ќе ги зафати објектите кои се наоѓаат во близина на центарот на селото.

Од надлежните апелираат граѓаните навремено да се подготват и да ги приспособат своите активности според најавените прекини.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран