Утре, 28 март 2025 година, одредени делови од Тетово ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини за извршување на технички зафати.
Според најавата, од 09:00 до 11:30 часот без струја ќе биде објектот на Алумина во Тетово.
Дополнително, од 09:00 до 14:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во дел од градот Тетово, поточно во објектите кои се наоѓаат во близина на железничката станица, по салонот за свадби.
Граѓаните се советуваат да ги прилагодат своите активности согласно овие прекини.