ПРВ.мк

Среда без струја: Видете кои села во Тетовско утре остануваат во мрак!

Среда без струја: Видете кои села во Тетовско утре остануваат во мрак!
Vero

Голем број жители во Тетовско утре, 28 мај 2025 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини од страна на снабдувачот. Како што е најавено, струја ќе нема во неколку села, а времетраењето на прекините се движи од неколку до шест часа.

Според објавениот план, електрична енергија ќе нема:

во село Фалише од 08:30 до 14:00 часот во село Селце (делови) од 08:30 до 14:00 часот дополнително, друг дел од Селце на патот за село Веќе ќе биде без струја од 09:00 до 14:30 часот во село Теново, објектите на влезот од селото ќе останат без електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот во село Нераште, дел од населеното место ќе нема струја од 09:00 до 14:30 часот

Од компанијата најавуваат дека станува збор за редовни технички зафати во мрежата, и апелираат до граѓаните од засегнатите населени места да ги прилагодат своите обврски на планираниот прекин.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран