Во просториите на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово денес се одржа настан по повод промоцијата на реконструкцијата на училиштето, на кој присуствуваа претставници од Министерството за образование и наука, Секторот за развојни проекти и координација со ЕУ, наставници, ученици, медиуми и други гости.

Настанот започна со поздравни обраќања и кратки говори од страна на претставниците, кои ја истакнаа важноста на инвестициите во квалитетно стручно образование и создавање современи услови за младите.

По официјалниот дел, присутните имаа можност да направат обиколка низ реконструираните простории, каде веќе се чувствува разликата – од технички подобрени училници до освежени простори за практична настава.

Реконструкцијата на центарот претставува значаен чекор во напорите за модернизација на стручното образование во регионот, со цел обезбедување релевантни вештини и знаења за младите генерации. Настанот помина во позитивна атмосфера и со заедничка порака за продолжување на поддршката кон образовниот сектор.