ПРВ.мк

ОПШТИНА БИТОЛА: ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО АНКЕТА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ГЕНЕРАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН

ОПШТИНА БИТОЛА: ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО АНКЕТА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ГЕНЕРАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
Jumbo Banner

Почитувани граѓани на Битола,
На територија на град Битола се спроведува истражување за потребите на новиот Генерален урбанистички план на град Битола, во рамки на проектот за изработка на сообраќајна студија за градот, чиј инвеститор е Општина Битола.

Истражувањето ќе се реализира преку анкета на домаќинства во периодот од 23.04.2025 до 30.05.2025 година. Анкетата ќе се спроведе онлајн на следната интернет страна https://www.gupbitolaanketi.mk/ и со физичко присуство на домаќинства. Анкетата е целосно анонимна, односно вашето име, ниту името на било кој член од домаќинството, не е потребно, а вашите одговори ќе се користат исклучиво како статистички податоци.

Организаторот на анкетата, по случаен избор, ќе обезбеди и вреден подарок – велосипед за еден учесник од домаќинствата кои ќе прифатат учество во анкетата.

Резултатите ќе се искористат за дефинирање на мерки за подобрување на транспортната мрежа, намалување на негативните влијанија од сообраќајот врз животната средина, зголемување на пристапноста, зголемување на безбедноста во сообраќајот како и квалитетот на живот во градот.
Со вашето учество, придонесувате кон подобрување на сообраќајната инфраструктура и транспортните услуги во Битола.

Линк до Анкета за истражување на навиките за патувања во Битола https://www.gupbitolaanketi.mk/

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран