ПРВ.мк

Жаре со емотивно видео за ДНК: Најверните пријатели, едни од ретките познати лица со убава енергија

Жаре со емотивно видео за ДНК: Најверните пријатели, едни од ретките познати лица со убава енергија
VERO Banner

Жарко Димитриоски од „Еден на еден“ објави емотивно видео во кое зборуваше за своите најверни пријатели, Андреј Ѓорѓиески и Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК. Димитриоски истакна дека никогаш не си кажале лош збор и дека тие биле ретки примери на искрени и добри познати личности.

„Молам за брзо закрепнување на Панчо, нека му даде Господ сила да застане на нозе. Голем товар е ставен врз него, но се надевам ќе има доволно енергија да го издржи. За Андреј, не можам да верувам дека зборувам за него во минато време, но тој беше човек со големо срце, насмевка, фин хумор, често и на своја сметка, и многу позитивна енергија“, рече Димитриоски.

Тој додаде дека неодамна работеле заедно на документарецот за К-15 и дека минале многу часови во смеа. Како што вели, тие моменти ќе ги памети засекогаш.

На крајот, Димитриоски апелираше до сите граѓани да започнат со промени од себе, со цел да се спречат слични трагедии во иднина.

Погледнете го видеото:

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран