ПРВ.мк

ВЛЕН: Конкретни инвестиции за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните

ВЛЕН: Конкретни инвестиции за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните
Jumbo Banner

Партијата ВЛЕН и понатаму на дело го докажува своето залагање за подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, преку директни инвестиции во инфраструктурата и решавање на проблеми наследени со години.

Во Општина Чаир започнаа работите за замена на канализационата мрежа на улицата „Мехмет Гега“ во населбата Фуша Топане, по повеќекратните барања на жителите. Оваа интервенција претставува значаен чекор кон поздрава животна средина и пофункционална инфраструктура. Градоначалникот Висар Ганиу, за време на посетата на терен, истакна дека Општина Чаир ќе продолжи да биде блиску до граѓаните и да наоѓа решенија за секоја реална потреба, со или без директни надлежности.

Во меѓувреме, во Општина Желино се во тек градежните работи за изградба на канализациона мрежа во селото Долна Лешница – проект кој се очекуваше долго време и кој за првпат на ова населено место му обезбедува модерна санитарна инфраструктура. Градоначалникот Блерим Сејдиу ја истакна важноста на оваа инвестиција за подобрување на условите за живот, заштитата на животната средина и јавното здравје, упатувајќи благодарност до жителите за соработката и трпението што го покажале.

Овие конкретни проекти се најдобар пример за начинот на кој ВЛЕН управува: со визија, со посветеност и секогаш во служба на граѓаните. Ние веруваме дека заедно со граѓаните можеме да изградиме побезбедна, почиста и подостоинствена иднина за сите.

Таму каде што има потреба – таму сме, заедно со граѓаните!

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран