ПРВ.мк
Македонија

Третиот спикер што го крева нивото: Peter Spannagl од Bayer доаѓа на Global HR Vision

Третиот спикер што го крева нивото: Peter Spannagl од Bayer доаѓа на Global HR Vision

Global HR Vision продолжува да го подигнува нивото на HR сцената во Македонија, а најновата потврда за тоа е присуството на Peter Spannagl, еден од водечките експерти во областа на човечките ресурси и лидерството на глобално ниво.

Со импресивни повеќе од 30 години искуство, Spannagl моментално ја извршува функцијата Senior Manager Global Learning & Development во Bayer, каде активно учествува во креирање и имплементација на програми за развој на врвен менаџмент. Неговото знаење и искуство се резултат на долгогодишна работа во комплексни корпоративни системи и градење на лидерски капацитети во глобални рамки.

На Global HR Vision, тој ќе донесе конкретни и применливи стратегии за современо лидерство, ефикасно управување со тимови и адаптација кон постојаните промени во бизнис средината. Станува збор за знаење кое има директна вредност за сите HR професионалци и компании што сакаат да растат, да се развиваат и да останат конкурентни.

Настанот ветува силна енергија, врвни говорници и инспирација што може да направи вистинска разлика во начинот на кој се водат луѓето и организациите.

КУПИ КАРТА ТУКА