Маж на возраст од 40 години од Скопје, кој издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, е пронајден починат, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полициското соопштение, вчера во 10:35 часот во СВР Штип било пријавено дека во една од собите во установата бил пронајден безживотното тело на осуденикот В.М. (40).
Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
На местото на настанот бил извршен увид од надлежните служби, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
















