ПРВ.мк
Македонија

Тошковски открива: Арсовска упорно одбива соработка, полицијата без можност за дејствување

Тошковски открива: Арсовска упорно одбива соработка, полицијата без можност за дејствување
Escape

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, одбива да соработува со полициските службеници од Одделот за внатрешна контрола. Тие веќе неколку дена се присутни во објектот на Град Скопје, но не успеале да обезбедат писмена пријава и изјава од неа поврзана со последните случувања во петокот и нејзините обвинувања дека полицијата не постапувала како што треба.

„Факт е дека полициските службеници од Одделот за внатрешна контрола не добиваат изјава од Арсовска веќе неколку дена“, рече Тошковски, нагласувајќи дека без нејзината соработка МВР не може да ги преземе сите дејствија што се во негова надлежност.

Министерот додаде дека, сепак, Арсовска соработува со одделот кој е задолжен за обезбедување и заштита на имотот на државата и на одредени ВИП-личности. Како позитивен аспект го посочи и фактот што градоначалничката ја прифати 24-часовната заштита од обезбедувањето, која и е доделена по препорака од Агенцијата за национална безбедност, иако таа не ја побарала.

Тошковски нагласи дека ова обезбедување е важно за нејзината безбедност и е знак на сериозен пристап кон нејзината заштита. Сепак, додаде, соработката во останатите делови поврзани со истрагата останува ограничена поради нејзиното одбивање да даде изјава.

Mia Home Mavrovo