Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во просториите на министерството ги прими семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Тошковски на семејствата на настраданите рече дека по пожарот во Кочани, планирал да си даде оставка од функцијата.
https://youtube.com/watch?v=wKUj8Zxf9N4%3Ffeature%3Doembed
Семејствата на настраданите во кочанската трагедија денеска излегоа на протестен марш кој започна од пред Основното јавно обвинителство, по што маршот продолжи кон Собранието каде беа пречекани од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пратеничките Славјанка Петровска, Сања Лукаревска, Бисера Костадиновска Стојчевска, како и Оливер Спасовски, Љупчо Николовски. Пред Собранието излегоа и пратениците на Левица, Борислав Крмов и Јована Мојсоска.
Извор: Слободен Печат