Физичка пресметка помеѓу три лица се случила синоќа во скопската населба Карпош, по претходно недоразбирање, информираат од МВР.
Според полицијата, инцидентот бил пријавен на 29 март околу 22:00 часот, кога бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Б.И. (41) од една страна и М.С. (50) и Ѓ.П. (42) од друга страна, сите од Скопје.
При интервенцијата на полицијата, Б.И. се однесувал агресивно и кон полициските службеници и им упатувал закани, по што бил приведен во полициска станица.
Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.



















