ПРВ.мк
Македонија

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Камион усмрти велосипедист – МВР со првични детали!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Камион усмрти велосипедист – МВР со првични детали!
Kristal

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во Гостивар, во која животот го загуби 76-годишен велосипедист.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, денеска (16.12.2025) околу 12:35 часот, на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Седек Костовски“, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.М. (44) од Гостивар, удрило во велосипед управуван од И.М. (76), исто така од Гостивар.

Повредениот велосипедист итно бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што лекарите констатирале смрт.

Полициски службеници од ОВР Гостивар веднаш го лишиле од слобода возачот на товарното возило, а по целосно документирање на случајот, во координација со надлежен јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape