Вчера околу 18:30 часот, во казино на улицата „Маршал Тито“ во Битола, 53-годишниот С.Р. од Битола со закана со секира од вработената одзел околу 8.600 денари, по што се обидел да побегне.
Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Битола реагирале и го лоцирале сторителот, кој бил лишен од слобода околу еден час подоцна. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
















