ПРВ.мк
Македонија

Сиљановска-Давкова: Посакувам денешната мирна и достоинствена изборна атмосфера да се повтори и во вториот круг

Сиљановска-Давкова: Посакувам денешната мирна и достоинствена изборна атмосфера да се повтори и во вториот круг

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го оствари своето гласачко право на локалните избори и на своите социјални мрежи сподели порака во која истакна дека посакува денешната изборна атмосфера да се повтори и во вториот круг.

„Очекувам триесетгодишното изборно искуство да се повтори – пристојни, фер и демократски избори. Ја извршив мојата граѓанска обврска и верувам дека тоа ќе го сторат и другите граѓани. Посакувам она што денеска го видов – една мирна и доследна граѓанска изборна слика – да се повтори и во вториот круг“, објави Сиљановска-Давкова.

Со оваа изјава, претседателката ја потенцира важноста на достоинственото учество на граѓаните и очекува стабилност и ред во текот на изборниот процес и во следниот круг гласање.

Escape