ПРВ.мк

Села без одговор дали ќе остане во Европски фронт ако Тарави се приклучи

Села без одговор дали ќе остане во Европски фронт ако Тарави се приклучи
Jumbo Banner

Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците која е дел од Европскиот фронт, предводена од ДУИ, не открива дали ќе се повлече од коалицијата доколку Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари ѝ се приклучи. Села вели дека не може да се меша кој со кого ќе се среќава и разговара, но оти може да каже дали некој треба да биде дел од Фронтот.

„Има средби, а од друга страна мене лично и на Алијанса за Албанците не ни пречи, а дали треба да биде дел од Фронтот или не, е за тоа имаме право и ние да го кажеме нашиот став. Ќе имаме став откога ќе има предлог дека некој сака да се приклучи кон Европскиот фронт“, изјави Села.

Според него, нејасен е ставот на Таравари и неговото постапување.

„За жал ја имаат политиката сфатена само како пазар со чуствата на граѓаните и со интересите на граѓаните“, вели Села.

За обединување на Алијанса за Албанците и некаква соработка со крилото кое се отцепи, Села вели дека може да има само доколку Таравари си поднесе оставка. Притоа тој го повика членството од партијата на Таравари да се врати во партијата која тој ја предводи.

„Кој е ставот денеска на господинот Таравари и затоа немам ништо лично и персонално, овде се работи за човек кој те има предадено и не можеш да му веруваш, бидејќи не можам да гарантирам дека и во иднина нема да се случи тоа. Јас сум верувал, но сега не му верувам повеќе“, дециден е Села.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран