Најубавото нешто кое ќе го видите денес!
Во Гевгелија, постои штрк кој стана маалско милениче, штрк кој успеал да се зближи со луѓето, но и животните од едно маало во Гевгелија. Мишко го знаат сите, и млади и стари, кои со нетрпение очекуваат Мишко да се појави во нивниот двор.
“Мишко и Мицка живеат заедно под ист покрив. Секој ден го делат просторот, сонцето и љубовта што ја добиваат од тетка Ленче. Таа се грижи за нив, а таа љубов тие ја чувствуваат. Наместо страв или борба, меѓу нив се роди пријателство.
Кога човекот го сака животот, љубовта се шири – дури и меѓу најнеочекуваните пријатели.”, стои во објавата на страницата Гевгелизам.