ПРВ.мк

Сара беше самохрана мајка на две деца – сопругот и почина пред четири години

Сара беше самохрана мајка на две деца – сопругот и почина пред четири години
VERO Banner

Професорка по пијано на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска, која пееше придружни вокали во групата „ДНК“, почина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, потврдија од Факултетот за музички уметности.

Нејзината колешка Ана Костадиновска, која исто така пее придружни вокали за „ДНК“ и е професорка во средното музичко училиште, е во стабилна состојба и е на домашно лекување, потврди нејзиното семејство.

Пројковска беше самохрана мајка на две деца, пшишува порталот „Сакам да кажам“.

Таа пееше придружни вокали на речиси сите поп-пејачи во Македонија. Нејзиниот поранешен сопруг, џез трубачот и наставник по труба, Александар Николовски, почина на 48 години во 2021.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран