ПРВ.мк
Македонија

РОДИТЕЛИ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА: Децата почнуваат со цигари и алкохол прерано - еве од која возраст!

РОДИТЕЛИ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА: Децата почнуваат со цигари и алкохол прерано - еве од која возраст!
Kristal

Македонските ученици сè почесто и на сè помлада возраст се соочуваат со цигарите и алкохолот, покажуваат резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, кое денеска го презентираше Институтот за јавно здравје. Анализите откриваат дека дел од децата ја пробуваат првата цигара уште на девет години, додека контактот со алкохол најчесто започнува околу 13-годишна возраст.

Истражувањето е спроведено во 96 средни училишта низ државата и опфатило повеќе од 2.800 ученици. Податоците укажуваат и на загрижувачки пораст на користењето електронски цигари, кое во последните пет години бележи значителен раст. Над 25 проценти од учениците изјавиле дека барем еднаш пробале е-цигари, а секој десетти навел дека ги користел во последните 30 дена.

Алкохолот и понатаму останува најчесто користената психоактивна супстанца кај адолесцентите. Истражувањето покажува дека момчињата почесто пријавуваат рана консумација, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси една третина од учениците навеле дека првото искуство со алкохол го имале на 13 години или помлади.

Покрај тоа, во помал, но значаен процент е евидентирана и употреба на седативи без лекарски рецепт, канабис, како и коцкање, особено кај машките ученици. Надлежните предупредуваат дека ваквите трендови бараат поинтензивни, современи и системски превентивни пристапи.

Од Министерството за образование и наука информираат дека во училиштата веќе се реализираат програми за превенција од злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и нов изборен предмет посветен на здравствената писменост. Од Институтот за јавно здравје нагласуваат дека резултатите од ЕСПАД треба да бидат основа за креирање поефикасни политики и посилна заштита на здравјето на младата популација.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape