Во Општина Велес на 84 избирачки места со вкупно 44.850 гласачи запишани во единствениот гласачки список до 17 часот на гласање излегле 15 313 или 34,14 проценти од полнолетните граѓани со право на глас. Како што информира за МИА членот на ОИК Велес, Ребека Бајдевска Ѓошева, гласањето поминало во фер и демократска атмосфера без инциденти.
Во Општина Градско на 11 избирачки места со вкупно 3038 гласачи до 17 часот гласале 47,50 проценти од гласачите информира за МИА, од ОИК Градско, претседателката Мери Седмакова Димовска.
Во Општина Лозово на девет избирачки места со вкупно запишани во избирачкиот список 1783 избирачи до 17 часот гласале 1162 гласач или 61,9 проценти информира за МИА, претседателката на ОИК Лозово, Славица Штериова.
Таа појасни дека гласањето во првиот круг од локалните избори 2025 во Општина Лозово поминале во фер и демократска атмосфера.
Во Општина Чашка до 17 часот излезеноста на гласачите е 65,5 проценти што е најмногу од сите 4 општини во овој регион. Или од вкупно 6 141 гласач на 30 избирачки места до 17 часот гласале 4019 гласачи, информира за МИА претседателот на ОИК Чашка, Ридван Лимани. Воедно појаснува дека изборите денеска поминале во фер и демократска атмосфера и без инциденти.