Општина Кавадарци иннтензивно продолжува со активностите за санација и крпење на ударните дупки на градските улици и сообраќајници.
Екипите на терен ги санираат сите детектирани критични точки, со цел подобрување на условите за одвивање на сообраќајот и подигнување на нивото на безбедност за сите учесници – како за возачите, така и за пешаците.
Санaцијата се одвива во континуитет и ќе продолжи и во следните денови, согласно утврдената динамика и реалните потреби на теренот. Од општинските служби апелираат до возачите за внимателно управување со возилата и почитување на привремената сигнализација на местата каде што се изведуваат градежните работи.






