Македонските граѓани масовно ги кинат ваучерите за летување! Она што требаше да биде релаксирано лето на егзотичните брегови, се претвори во вистински кошмар и неизвесност. Стравот од воениот конфликт во Иран се прошири побрзо од кој било летен вирус, а туристичките агенции се во паника.
Иако Турција со години е омилена дестинација за нашите туристи, близината до воените жаришта си го направи своето. Телефоните во агенциите не престануваат да ѕвонат, но не за нови резервации, туку за итно повлекување на парите. Граѓаните не сакаат да ризикуваат нивните семејства да се најдат во „окото на бурата“, па дури и по цена да го изгубат депозитот.
Египет е веќе „мртва“ дестинација? Ако за Турција сè уште има по некој храбар патник, за Египет ситуацијата е катастрофална. Побарувачката е буквално на нула. Никој не сака ни да помисли на летовите кои поминуваат близу конфликтните подрачја. Агентите признаваат дека ваква тишина во овој период од годината не паметат со децении.
Овој неочекуван пресврт ги тера Македонците да бараат алтернативи „во последен момент“. Наместо егзотика, сега сите погледи се свртени кон Грција и Албанија, каде се очекуваат рекордни гужви и уште повисоки цени.
Дали војната на Блискиот Исток целосно ќе ги промени нашите летни навики или ова е само моментален бран на паника? Едно е сигурно – куферите ќе останат во плакарите за многумина кои сонуваа за Анталија или Хургада.


















