Инспирација, младост и креативност во кујната! 👩🍳✨
Денес „Кристал 1923“ имаше чест да биде дел од една прекрасна едукативна активност во СОУ „Коле Неделковски“ – Велес.
Заедно со учениците од угостителската струка подготвувавме различни рецепти користејќи производи од „Кристал 1923“. Со многу ентузијазам, талент и креативност, учениците покажаа дека иднината на гастрономијата е во сигурни раце.



Посебно ни е драго што преку вакви активности можеме да ги поддржиме младите, да ги мотивираме и да им овозможиме практично искуство со квалитетни домашни производи.

Во „Кристал 1923“ веруваме дека вложувањето во младите генерации е вложување во иднината. 🤝


Им благодариме на учениците и на наставниот кадар од СОУ „Коле Неделковски“ за топлиот прием и прекрасната соработка.



















