ПРВ.мк
Македонија

Дарко Костовски со голема одлука во Бутел: Дел од родителите повеќе нема да плаќаат за градинка!

Дарко Костовски со голема одлука во Бутел: Дел од родителите повеќе нема да плаќаат за градинка!
Kristal

Советот на Општина Бутел донесе нови мерки со кои одредени родители ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за користење на услугите во детските градинки. Одлуките беа изгласани на предлог на градоначалникот и имаат цел директно да им помогнат на семејствата.

Со новите правила, од плаќање ќе бидат ослободени родителите кои имаат трето дете во семејството, како и родителите чии деца поседуваат наод и мислење од стручна институција или специјалист.

Според општинските власти, мерките се воведуваат со цел да се намали финансискиот товар за семејствата и да се обезбеди поголема поддршка за родителите. Ова е дел од поширок пакет социјални политики кои општината ги воведува во изминатиот период.

Од општината посочуваат дека ваквите одлуки имаат за цел да создадат подобри услови за децата и да им олеснат на родителите во секојдневните трошоци поврзани со згрижувањето и воспитувањето на најмладите.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo