ПРВ.мк
Македонија

Полициска акција во Скопје: Уапсени две лица!

Полициска акција во Скопје: Уапсени две лица!
Kristal

Полицијата уапси две лица во Скопје поради поседување дрога, откако кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 и 13 март 2026 година, на различни локации во главниот град, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Ш. (35) и Т.Г. (21), двајцата од Скопје.

При извршените контроли, кај нив била пронајдена марихуана, која веднаш била одземена од страна на полицијата.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo