На 11 јануари 2026 година, во 17:53 часот, на Граничниот премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничниот премин, во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, лишија од слобода 56-годишниот М.Г. од Република Србија. Тој управувал товарно возило „Ман“ со полуприколка „Шмитц“ со српски национални ознаки.
При граничната контрола, полицијата утврдила дека WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола бил фалсификуван. При понатамошен преглед, со помош на специјален уред – ендоскоп, бил пронајден скриен бункер во полуприколката, во кој биле откриени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки електронски цигари.
По целосно документирање на случајот, против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по член 378 – „фалсификување исправа“ и по член 278 – „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик, соопшти МВР.
















