ПРВ.мк

Полицијата спасуваше заложници на скопскиот аеродром – симулациска вежба на МВР и ТАВ Македонија

Полицијата спасуваше заложници на скопскиот аеродром – симулациска вежба на МВР и ТАВ Македонија
VERO Banner

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, во соработка со Министерството за внатрешни работи, успешно реализираше вежба за итни ситуации и вонредни состојби на Меѓународниот аеродром Скопје. Вежбата, која се одржа на 9-ти март, имаше за цел да ги тестира подготвеноста, координацијата и ефикасноста на сите надлежни служби во случај на безбедносна закана.

Симулацијата опфати сценарио со заложници, пратка од висока вредност и експлозија со импровизирана експлозивна направа, проследена со пожар во приемниот магацин на Карго центарот на ТАВ Македонија. Во реално време беа тестирани капацитетите на аеродромските безбедносни служби, специјалните полициски сили при МВР, како и националните служби за итни ситуации.

„Со оваа вежба демонстрираме подготвеност, координација и професионализам во справувањето со потенцијални закани. Високото ниво на обука, брзината на реакција и соработката меѓу службите се клучни за заштита на аеродромската безбедност и воздухопловството. Ова не е само тренинг – ова е залог за сигурност, доверба и успешна превенција“, изјави Перо Лупевски, заменик генерален директор за операции на ТАВ Македонија.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, истакна дека преку вакви вежби се тестираат капацитетите на институциите на национално ниво, како и нивната подготвеност и брзина на реакција. „Безбедноста на вакви витални инфраструктурни објекти е од круцијално значење, а со почитување и имплементација на протоколите, аеродромот се позиционира на високо европско и светско ниво“, додаде Јанев.

Оваа редовна вежба е дел од стратегијата на ТАВ Македонија за континуирано подобрување на безбедносните стандарди и управување со кризни ситуации. Добиените согледувања ќе бидат искористени за подобрување на програмите за обука, ажурирање на процедурите за итни ситуации и зајакнување на соработката со Министерството за внатрешни работи.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран