ПРВ.мк
Македонија

Кристал го одбележа 8 Март во Велес: поделени 100 цвеќиња и 100 производи за дамите (ФОТО)

Кристал го одбележа 8 Март во Велес: поделени 100 цвеќиња и 100 производи за дамите (ФОТО)

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, велешката компанија Кристал денес се приклучи кон одбележувањето на празникот со присуство на штанд во градот, каде што на жените им беше упатено искрено внимание и благодарност. Во рамки на активноста беа поделени 100 цвеќиња и 100 производи од асортиманот на Кристал.

Со оваа иницијатива, Кристал испрати јасна порака дека жената заслужува почит, внимание и поддршка – не само денес, туку секој ден.

8 Март е потсетник на силата, посветеноста и улогата што жените ја имаат во семејството, во работата и во заедницата, и на нивниот огромен придонес во секојдневниот живот.

Настанот помина во позитивна атмосфера, со насмевки и многу убави моменти, а дел од нив се забележани и преку фотографии од терен.

Среќен 8 Март на сите жени – да сте здрави, сакани и почитувани, секој ден.