ПРВ.мк

По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци

По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци
VERO Banner

За секој настрадан во пожарот во Кочани ќе биде доделена итна финансиска помош од 150.000 денари, која ќе се реализира преку Црвениот крст. Оваа одлука ја соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, на прес-конференција.

Томовски истакна дека преку СОЗР и другите надлежни институции се организира целата потребна логистика за сместување и транспорт на настраданите и нивните семејства. Тој додаде дека Владата ќе ги покрие трошоците за престој на најблиските на пациентите кои се лекуваат во странство, при што право на помош имаат по две лица од семејството за секој повреден.

Како што објасни министерот Тимчо Муцунски и Томовски, лекувањето на пациентите во странство е на трошок на државата домаќин, додека патните и сместувачките трошоци, како и други трошоци за семејствата, ќе ги покрие нашата Влада.

Досега, 188 лица се згрижени и сместени, а Томовски истакна дека оваа трагедија предизвикала не само емоционална, туку и финансиска тешкотија. Затоа, како институција вклучена во процесот, одлучено е да се исплати итна финансиска помош од 150.000 денари за секој настрадан, за покривање на почетните секојдневни трошоци. Помошта ќе се реализира преку Црвениот крст на Република Македонија.

На прашањето кога и како семејствата ќе ја добијат помошта од донациите собрани на сметката на Црвениот крст, која досега изнесува 51 милион денари, Томовски одговори дека исплатата ќе започне од понеделник. Според неговите зборови, се прават законски подготовки заради заштитата на лични податоци, бидејќи трансакциските сметки подлежат на заштита.

Томовски објасни дека се собираат трансакциските сметки од лицата во странство и нивните согласности преку логистиката на Министерството за надворешни работи и амбасадите. Црвениот крст ќе започне со исплата на средствата од понеделник.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран