ПРВ.мк

ПЕНДАРОВСКИ Е БЛИЗОК СО ТИМОТ НА СОРОС, НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТЕБА ДА ГИ ВРЕЃА САД

ПЕНДАРОВСКИ Е БЛИЗОК СО ТИМОТ НА СОРОС, НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТЕБА ДА ГИ ВРЕЃА САД
VERO Banner

Тоа што (Стево) Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот. Сепак, владата на секоја демократска држава, во случајов САД, е прашање на избор на американските граѓани и Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД, посочи потпретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски.

Потпретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски, порача дека проценките на експретседателот Стево Пендаровски треба да се земаат со голема резерва бидејќи немаат доследност и немаат аналитичка основа.

Во пост на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, Милошоски потенцира дека Пендаровски јавно пласира навреди за САД.

„1. Пендаровски во 2020 година зборуваше дека е ‘ван памет’ да се зборува за промена на македонскиот Устав во контекст на бугарското вето; тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и дека такво барање за Уставот не било ставено на маса. Потоа наведна глава пред потписот на Бујар Османи и стана главен промотор за смена на Уставот на Македонија.

Затоа, проценките на Пендаровски треба да се земаат со голема резерва, бидејќи немаат доследност, а имаат повеќе оговарачка, отколку аналитичка основа!

2. Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот. Сепак, владата на секоја демократска држава, во случајов САД, е прашање на избор на американските граѓани и Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД.

3. Македонија и САД во 2008 година потпишаа документ за стратешко партнерство и тој взаемно-корисен однос треба да се одржува и да се продлабочува, без разлика на менувањето на владите и на претседателите во двете земји. Затоа Пендаровски, ако не може или не сака да ѝ помага на Македонија на меѓународен план, барем нека не ѝ одмага, како во времето кога главни советници за надворешна политика му беа Фрчкоски, Ана Чупеска и Артан Груби, како експерт за пари и ресурси!“, посочува Милошоски во својата објава на Фејсбук.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран