ПРВ.мк
Македонија

Пад од тобоган заврши со тешка повреда – Владата организира итен транспорт од Турција

Пад од тобоган заврши со тешка повреда – Владата организира итен транспорт од Турција

Македонско момче кое се здобило со тешка повреда за време на летување во турски Бодрум утре ќе биде пренесено во земјава со владин авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи.

Според информациите, момчето паднало од тобоган и притоа скршило вратен пршлен. По несреќата веднаш било хоспитализирано во Турција, каде што му била укажана медицинска помош.

Поради сериозноста на повредата, лекарите процениле дека не е безбедно да патува со редовен комерцијален авион или по копнен пат, поради што е организиран специјален медицински транспорт.

Од надлежните институции информираат дека денеска се реализираат последните подготовки за летот, откако родителите побарале помош од државата за безбедно враќање на нивниот син во Македонија, каде што ќе го продолжи лекувањето.