При претрес во Казнено-поправната установа „Идризово“, кај 29-годишен осуденик од Скопје биле пронајдени 27 пакувања со марихуана, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, случајот бил пријавен вчера во 15:10 часот во СВР Скопје, откако околу 13:10 часот, при редовен претрес во затворот, кај затвореникот З.И. биле откриени и одземени пакувањата со дрога.
Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот против осуденикот ќе биде поднесена соодветна пријава.










