ПРВ.мк

Ова е еден од сопствениците на дискотеката во Кочани во која загинаа 59 луѓе: Лиценцата била фалсификувана

Ова е еден од сопствениците на дискотеката во Кочани во која загинаа 59 луѓе: Лиценцата била фалсификувана
VERO Banner

Од МВР велат дека дискотеката работела со фалсификувана лиценца.

Дејан Јованов – Деко е еден од сопствениците на дискотеката „Pulse“ во која загинаа 59 лица.

Како што пренесува “Радио Лидер”, тој имал и други бизниси и компании во други дејности.

“Дел од осомничените се во болница. Четири лица имаме обезбедено во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое ја менаџирало дискотеката. Дел од приведените лица кои се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина во овој кривично правен настан. Приведено е едно лице кое е организатор на настанот и за кое имаме сомнение дека е има директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, поранешен, мислам дека е и сегашен раководител на еден сектор во министерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата. Дел од приведените се организатори на настанот, дел се обезбедување, дел биле вклучени во други активности“, рече министерот Панче Тошковски на прес конференција.

 

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран