ПРВ.мк

Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
VERO Banner

Црвениот крст соопшти дека се отворени телефонски линии за донации од Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик). Донации може да се направат и преку сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

Од Црвениот крст информираат дека се отворени и наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје  кои ќе бидат во функција 24/7.

– Црвениот крст на РСМ веќе е контактиран од страна на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, Меѓународниот комитет на Црвен крст, Албанскиот Црвен крст, Бугарскиот Црвен крст, Црвениот крст на Србија како и поголем број на компании и граѓани да дадат поддршка за настраданото население. Хуманиот одговор од страна на граѓаните, компаниите и здруженијата на граѓани, и овојпат се покажа како брз и ефективен со донации на храна, вода, сместување за членовите на семејствата на повредените лица, санитетски материјали, човечки ресурси и финансиска поддршка, велат од Црвениот крст.

Оттаму информираа дека во функција се ставени сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош и материјална поддршка. Доставена и помош во болницата во Кочани со ќебиња, постелнина и инвалидски колички, а пред болниците во Скопје, Штип и Кочани отворени се пунктови на Црвениот крст каде граѓаните може да добијат дополнителни информации за нивно сместување, освежување, храна, прва помош и прва психолошка помош. Во функција се ставени и возилата на Црвениот крст.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран