ПРВ.мк

Николоски со жестоки критики кон Пендаровски: „Троши ја пензијата, не ја руши позицијата на Македонија“

Николоски со жестоки критики кон Пендаровски: „Троши ја пензијата, не ја руши позицијата на Македонија“
VERO Banner

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, упати остри критики кон поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го за лицемерие и непочитување на стратешките партнерства на Македонија.

Николоски потсети дека Пендаровски двапати изгуби на претседателските избори, а вториот пораз го доживеа со историски најголема разлика. По десетмесечна пауза од јавноста, според него, поранешниот претседател повторно се активирал со напади врз премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, особено во контекст на нивната поддршка за САД и претседателот Доналд Трамп.

„Пендаровски, кој вети, но не се откажа од доживотната пензија на грбот на граѓаните, сега го напаѓа претседателот на нашиот стратешки партнер број еден. Арогантно дели ’ум’ на светските лидери, а самиот не се гледа“, изјави Николовски.

Тој го обвини Пендаровски дека во минатото ја злоупотребувал Агенцијата за разузнавање за фабрикување извештаи против ВМРО-ДПМНЕ, со цел да ги претстави како „проруски“ и „антизападни“, а во обид да ги дискредитира, барал од странски партнери дел од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа.

„Стево, троши ја пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија и дружи се со пријателите од Агенцијата за разузнавање додека можеш!“, порача Николоски.

Останува да се види дали Пендаровски ќе одговори на овие обвинувања или ќе продолжи со критики кон актуелната влада.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран