ПРВ.мк
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА В.Д. ДИРЕКТОРКА: МВР со детали за сомнеж за несовесно работење!

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА В.Д. ДИРЕКТОРКА: МВР со детали за сомнеж за несовесно работење!

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ. (58) од Ресен, во својство на в.д. директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“ – Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според информациите од МВР, пријавената во текот на 2026 година, со пропуштање на должен надзор, дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид за тампонирање на катастарска парцела за која не постоела урбанистичка документација, ниту одобрен инфраструктурен проект.

Парцела била во заштитен појас од 50 метри, а за конкретниот простор, како што се наведува, општина Охрид имала донесено времен мораториум за било какви градежни активности, согласно планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Од полицијата посочуваат дека со ваквите постапки е дозволено изведување активности спротивно на важечките прописи и заштитни мерки, поради што против Ф.Ѓ. е поднесена соодветна кривична пријава.