ПРВ.мк

Крешник Бектеши се пушта од притвор, му се одредува куќен притвор

Крешник Бектеши се пушта од притвор, му се одредува куќен притвор
Jumbo Banner

Јавното обвинителство во Кочани предложи мерката притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и државната секретарка во економијата Размена Чекиќ Дуровиќ да се замени со куќен притвор.

За овој предлог треба да одлучи Основниот суд во Кочани. Во меѓувреме, предложено е продолжување на мерките притвор и куќен притвор кои претходно беа одредени за уште 18 лица.

Од Обвинителството велат дека тимот што работи на случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ ја привршува постапката на испрашување на сведоците, при што постапката се спроведува без отстапки и во согласност со утврдената динамика.

Интензивно се работи и на неколку експертски извештаи и се врши вкрстување на податоците од анализите на обезбедената електронска опрема.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран