ПРВ.мк

Ќе се исплаќаат по 2500 евра на семејствата со пациенти како итна финансиска помош

Ќе се исплаќаат по 2500 евра на семејствата со пациенти како итна финансиска помош
VERO Banner

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски информираше дека како институција донеле одлука на секое семејство кои има настрадан од трагедијата во Кочани да му биде исплатена сума од 150 илјади денари како итна финансиска помош за покривање на секојдневните трошоци.

Оваа помош ќе се реализира преку Црвениот крст на Македонија.

Томовски исто така повтори дека сите трошоци за патувањето, сместувањето, лекувањето на повредените кои се во странство, ќе биде целосно покриено од државата, како и за нивните придружни членови. Досега 188 лица се згрижени и сместени.

-Имавме координација во МНР. Гледаме законски и правни да бидат постапките. Моментално се собираат трансакциските сметки од лицата кои што се во странство. Се собираат и нивните согласности преку логистика на амбасадите и конзуларните претставништва. Од понеделник ќе пристапиме на тие средства, рече директорот на СОЗР на денешната прес-конференција.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран