Денеска беше одбележана петгодишнината од членството на Македонија во НАТО – Алијансата, во касарната „Илинден“, во присуство на државниот врв и високи гости.
Настанот започна со едноминутно молчење и испалување на 59 почесни плутони, во сеќавање на 59-те жртви од трагичната несреќа во Кочани.
Во пожарот што избувна на 16-ти март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени.