ПРВ.мк
Македонија

Голема е веројатноста во некои општини изборите да не бидат успешни

Голема е веројатноста во некои општини изборите да не бидат успешни

Според најновите податоци од Државната изборна комисија до 17 часот, дел од општините бележат исклучително ниска излезност, што отвора можност изборите таму да не бидат успешни и да се повторуваат.

Законот јасно предвидува дека за да има избран градоначалник во првиот круг или за да се оди во втор, неопходно е најмалку 33,33% од запишаните гласачи во општината да излезат на гласање.

Во член 132 од Изборниот законик се наведува дека кандидат може да биде избран само ако на изборите излегла најмалку една третина од гласачите. Доколку не се исполни тој услов, гласањето во целост се повторува во таа општина.

Податоците на ДИК покажуваат драматично ниски бројки во повеќе места: во Центар Жупа излезеноста изнесува само 19,15%, во Врапчиште 20,94%, во Маврово-Ростуше 25,89%, а во Гостивар 28,02%.

Нешто подобра, но сè уште критична е ситуацијата во Шуто Оризари со 30,38%, Радовиш со 31,57% и Пласница со 32,87%. Иако до затворањето на гласачките места останува малку време, надежта е дека овие општини ќе успеат да го надминат законскиот праг и да избегнат повторување на изборниот процес.

Escape