ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) „Жолто“ ниво на предупредување од поплави во Македонија – еве кои делови се безбедни, а кои не!

(ФОТО) „Жолто“ ниво на предупредување од поплави во Македонија – еве кои делови се безбедни, а кои не!
Kristal

Вчера и синоќа повеќе делови од државата беа зафатени со обилни дождови, што придонесе за зголемување на водостојот на реките и нивно излевање и поплави.

Најризично беше во Кичево, каде што беа евакуирани 60 луѓе.

За денеска, Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави „Жолто ниво“ за предупредување од поплави, што значи потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолиците.

Според картата на УХМР, две третини од Македонија се под потенцијална опасност, додека безбедни се деловите од Источна и Југо-Источна Македонија.

Граѓаните кои живеат во ризичните подрачја треба да бидат внимателни и да ги следат упатствата на локалните служби.

FixCredit
Escape