Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод немилите настани на дерби дуелот од последното коло од домашниот шампионат помеѓу екипите на Охрид и Пелистер.
Охрид го изненади Пелистер со убедлива победа, но настаните по натпреварот предизвикаа реакција од дисциплинската комисија.
Дејан Манасков е суспендиран на три месеци, додека Крсте Андоновски ќе пропушти три натпревари.
И двете екипи се казнети со парична казна од по 45.000 денари.

















