Претседателот на СДСМ, Венко Филипче бара да се одржи лидерска средба.
Филипче лидерската ја најави во гостувањето во хуманитарното отворено студио на Канал 5 за донирање за настраданите во Кочани.
Партиите предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да застанат заеднички зад независен кандидат за градиначалник на локалните избори во Кочани – ова ќе биде еден од главните предлози на лидерот на СДСМ Венко Филипче на лидерската средба која планира да ја иницира следната недела и да ги покани лидерите на партиите секој поединечно.
Првиот социјалдемократ за ТВ 24 вели дека по трагедијата во Кочани, граѓаните бараат натпартиска соработка.
Владата и премиерот Христијан Мицкоски се отворени за секаков предлог кој ќе биде од помош.
И од владејачката ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека партискиот претседател стои на располагање, но сметаат дека за тема како оваа треба да се побара средба преку официјални канали.
ЗНАМ ќе се изјасни дали ќе учествува на лидерска средба откако ќе ја добие иницијативата што вчера ја најави Филипче.