ПРВ.мк
Македонија

ФАТЕН НА ДЕЛО: Пронајдени мигранти во возило - полицијата со детали!

ФАТЕН НА ДЕЛО: Пронајдени мигранти во возило - полицијата со детали!
Kristal

Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти во близина на Гевгелија, откако биле пронајдени пет лица од Египет.

Вчера во 20:30 часот, на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Р. (28) од село Копаница, скопско.

При преглед на возилото „Пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет мигранти од Египет.

Мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo