Мартовската минимална нето-плата во Северна Македонија ќе биде зголемена за 1.667 денари во однос на сегашните 24.379 денари, па така од следниот месец ќе изнесува 26.046 денари, пресмета порталот „Пари“.
Според Законот за минимална плата, висината на исплатената минимална плата во бруто-износ секоја година се усогласува врз основа на два критериуми:
- 50% од порастот на просечно исплатената нето-плата во Република Северна Македонија за претходната година, според податоците на Државен завод за статистика, и
- 50% од порастот на индексот на трошоците на живот за претходната година, според податоците на истата институција.
Со ова законско усогласување, целта е минималната плата да ја следи реалната економска ситуација и да обезбеди одржливи услови за живот на работниците со најниски примања.

















